ЌЕРКИТЕ НА ЗМЕЈОТ

490,00 ден

Таа беше најубавата, најмудрата и најпосакуваната жена од многуте жени кои беа принудени од страна на Царската јапонска армија да бидат жени за утеха: ‘воени сексуални робинки’ – кои служат за подигање на моралот на јапонските војници.

Таа беше најубавата, најмудрата и најпосакуваната жена од многуте жени кои беа принудени од страна на Царската јапонска армија да бидат жени за утеха: ‘воени сексуални робинки’ – кои служат за подигање на моралот на јапонските војници.

Кога дваесетгодишната Ана патува од Америка во сиропиталиште во Кореја за да ја открие нејзината биолошка мајка, таа е уништена кога дознава дека мајка ѝ е мртва. И кога само помислува дека нејзинато минато останува енигма, една старица ѝ дава ткаенина во која има антички артефакт – чешел изгравиран со двоглав змеј и адреса каде што ќе може да се сретнат. Адресата ја води Ана во сиромашен јужно-корејски кварт, во домот на старицата Хон Хае – Еa-Хи. Старицата ѝ раскажува една епска приказна која започнува со јапонската окупација на Кореја и Кина за време на Втората светска војна, кога повеќе од двесте илјади Корејки биле принудени да им служат на војниците како ‘жени за утеха’ војниците прво им го уништуваат умот, па душата за на крај повеќе да не им биде важно на жените дали ќе бидат убиени. Еа-Хи толку добро ја ткае приказната – таа била една од тие жени: најубавата, најмудрата и најпосакуваната жена од највисоките чинови…

Како што се развива приказната, Ана открива дека скапоцениот чешел со двоглав змеј од слонова коска преминувал низ генерации жени во нејзиното семејство. И како што потеклото на чешелот ја обелоденува вистината за нејзините корени, Ана сфаќа дека и покрај чешелот наследува храброст, љубов, и триумф каков што не би имала ни во најлудата имагинација.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

 

 

Прегледи од Корисници

Сеуште нема прегледи.

Бидете првиот кој дал мислење за книгата “ЌЕРКИТЕ НА ЗМЕЈОТ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *