УБАВИЦАТА ОД ХАРЕМОТ

470 ден

И покрај петстотини убави жени во харемот, само една со своите вештини го освојува срцето на султанот…

И покрај петстотини убави жени во харемот, само една со своите вештини го освојува срцето на султанот…

Ејме и нејзината братучетка Роуз, тинејџерскиот живот го поминуваат на Карибите. Кога двете паѓаат во искушение и одат кај жена која може да им ја предвиди судбината, дознаваат дека и двете се предодредени да станат кралици.

По извесно време Ејме е испратена во Франција да најде сопруг. Но, за жал нејзините надежи се уништени. Таа толку многу се разочарува што сака да се замонаши. Пред да оди во манастир, одлучува да се врати дома и за последен пат да ги посети своите најблиски. На патувањето кон дома Ејме запознава млад господин и веднаш се вљубува. Но, судбината има други планови за неа – оние кои ѝ ги претскажа видовитата жена. И пророштвото се остварува. Таа е киднапирана од алжирски пирати и дадена на султанот на Отоманската империја како „Девојка за подарок“ во харемот, каде што треба да се соочи со интригите и злото што се кријат под егзотичната убавина и раскошот.

Вистинска приказна за исполнувањето на неверојатното предвидување кое ја запечати судбината на две братучетки кои застануваат на две најмоќни империи.

Книгата е прв дел, продолжение е Убавата султанка.

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ. 

Автори