СТАКЛЕНО СРЦЕ

Од (автор)Ема Скот

340,00 ден490,00 ден

Емотивна романса за тоа што значи да се сака со цело срце. Да се доживее страшна тага и голема радост. Да се живее животот со сета негова убавина и сета болка. И на крајот да можеш да се насмееш и низ солзи да кажеш: „Ништо не би променил.“

Би те сакала засекогаш, само да имам шанса…

Кејси е девојка со блескава кариера. Кога славата ја удира во глава, таа прави непромислени работи: се буди мамурна во кревет на непознат згоден дечко кој се вика Џона. Таа не се ни сеќава на претходната ноќ.

Џона не е тип на маж кој се заљубува. Тој има друга преокупација – неговата уметност. Неговиот план е што поскоро да ја заврши стаклената скулптура и да ја предаде во престижната уметничка галерија. Тој никогаш не ни помислил дека може да се заљуби во надмена девојка која ќе се онесвести на неговиот кауч.

Кога Џона гледа дека Кејси може да си го уништи животот, ја остава неколку дена во неговиот дом за таа да може да си ги среди мислите. Но, ниту еден од нив не очекува дека длабоката поврзаност што ја чувствуваа од самиот старт за толку кратко време од пријателство ќе премине во нешто повеќе. Во нешто длабоко и чисто што го менува животот. Но, сепак толку кревко, како стакло што во секој момент може да се скрши на милиони парчиња.

Емотивна романса за тоа што значи да се сака со цело срце. Да се доживее страшна тага и голема радост. Да се живее животот со сета негова убавина и сета болка. И на крајот да можеш да се насмееш и низ солзи да кажеш: „Ништо не би променил.“

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Категории:
Автори

Прегледи од Корисници

Сеуште нема прегледи.

Бидете првиот кој дал мислење за книгата “СТАКЛЕНО СРЦЕ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *