СОВРШЕНА ЖРТВА

Од (автор)Хелен Филдс

350,00 ден530,00 ден

Интензивен крими-трилер за еден манипулативен провокатор, кој го користи егото на двајца луѓе и од нив прави сериски убијци, лесни за манипулирање.

Двајца сериски убијци се натпреваруваат да докажат кој од нив има поголем коефициент на интелигенција.

Среде летен фестивал млад дечко е прободен со нож во пределот на стомакот. Тој умира неколку минути подоцна. Убиецот танцува низ толпа луѓе со сечило остро како неговиот ум, но никој не го забележува. Следната седмица, тело на млада учителка е пронајдено во контејнер, задавена со сопствената марама. И покрај фреквентноста на улицата, повторно убиецот поминува незабележливо.

Инспекторката Ава и инспекторот Лук Каланах не можат да најдат мотив ниту трага од убиецот сè додека низ градот не осамнат графити на згради – зборови кои ја опишуваат секоја жртва. Тие темни линии изразуваат толку многу болка. Графитите стануваат дел од шоуто на убијците кои бараат сè поголем публицитет да ја импресионираат јавноста и да ѝ овозможат на полицијата да ја сфати нивната шема.

Кога полицијата доаѓа до сознание дека зборовите се појавуваат пред, а не по убиствата, тие констатираат дека убијците ја објавуваат следната жртва… Набргу Ава и Каланах се вовлечени во свет на некој што се воздигнува себеси во својот ум дека е над сите смртници и тие делузии стануваат сè помоќни со секое следно убиство…

Интензивен крими-трилер за еден манипулативен провокатор, кој го користи егото на двајца луѓе и од нив прави сериски убијци, лесни за манипулирање.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Автори

Прегледи од Корисници

Сеуште нема прегледи.

Бидете првиот кој дал мислење за книгата “СОВРШЕНА ЖРТВА”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *