НИЕ БЕВМЕ СРЕЌНИТЕ

250,00 ден490,00 ден

Извонредна историска драма во која кулминираат различни човечки судбини испреплетени на едно стебло.

Полска, 1939 година: семејството Курц и покрај скромната егзистенција одгледуваат три генерации за пример. Сите нивни деца се со почитувани професии и не можат едни без други. Во нивниот топол дом никогаш не е здодевно – секогаш се шири познатиот мирис на гефилт кој се послужува во сребрен порцелан од страна на нивната мајка. Додека нивниот татко раскажува анегдоти, некое од децата свири на клавир, а семејството танцува. Кога војната како сенка се приближува до нивниот праг, семејната идила се претвора во пекол и нивниот свет се превртува наопаку. Иако семејството дава сè од себе да живее нормален и сплотен живот, ужасите стануваат неизбежни и ова семејство кое не може еден без друг, се наоѓа исфрлено на улица со куфер спомени – кои ги дефинираат.

Секој од нив завршува на различни континенти. Од гета во Сибир, па сè до егзотичните плажи во Бразил и Италија. Секој од нив доживува тешка судбина: браќата се прогонувани, сестрите депортирани во гета каде болеста се шири како пожар и секојдневно убиваат Евреи. Мислите за нивната иднина и нивното расцепкано семејство на секој еден од нив им удираат како чекани во главата. Едни се обидуваат да избегаат од континентот, додека пак други со празен стомак се борат со исцрпувачка работа и избегнуваат сигурна смрт. Водени од непоколебливата волја за преживување и од стравот дека никогаш повеќе нема да се видат, тие се потпираат на надежта, генијалниот ум и внатрешната сила за да истраат.

Извонредна историска драма во која кулминираат различни човечки судбини испреплетени на едно стебло.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Прегледи од Корисници

Сеуште нема прегледи.

Бидете првиот кој дал мислење за книгата “НИЕ БЕВМЕ СРЕЌНИТЕ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *