НЕВИДЛИВА

Од (автор)Сузи Лајнес

200,00 ден460,00 ден

До каде е спремна да оди една жена кога ќе ја опфати процесот на стареење и станува невидлива?

Рејчел е средовечна жена во менопауза. Таа во цутот на нејзината младост била сон на секој маж. Од многуте прилики, за животен сопатник го избира Марк – симпатичен, скромен и пристоен маж. Единствениот кој повеќе ја цени убавата душа наспроти убавата физиономија.

Рејчел бракот го замислува како семејна идила и максимално се посветува на своите деца и нејзиниот сопруг кој неизмерно ја обожава. Но, со текот на времето годините ѝ натежуваат, таа се истроши и се запостави. По повеќе од дваесет и седум години брак, таа станува ‘невидлива’ за нејзиниот сопруг – програмирана куќна помошничка. Никој од потесниот круг на семејството и надвор во општеството веќе не ѝ обрнува внимание. Сите гледаат преку неа – а не во неа, како да е невидлива.

Револтот кој растe во неа од ден на ден почнува да ескалира. Одеднаш се најде лице во лице со нејзиниот психијатар, стравувајќи дека можеби нешто страшно направила – што ако убила некого? Таа не може да си поверува како нејзиниот живот целосно се променил. Љубовта на стероиди – предизвикува надеж длабоко скриена во нејзината потсвест: ‘Кога веќе е невидлива да направи нешто кое никој не би можел ни да претпостави дека е способна’.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Автори

Прегледи од Корисници

Сеуште нема прегледи.

Бидете првиот кој дал мислење за книгата “НЕВИДЛИВА”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *