ДЕВОЈЧЕТО ШТО ГО ОСТАВИЈА ЗАД СЕБЕ

200,00 ден460,00 ден

Книга инспирирана од вистинска животна приказна.

1941 г. Букурешт: една ледена јануарска ноќ; мало четиригодишно девојче седеше смрзнато на надворешните скали пред станбена зграда. Неговите родители беа приморани да го напуштат.

Девојчето кое го нарекоа Наталија, го сместија во сиропиталиште, подоцна беше посвоено од богат пар без деца…

1941 година, Букурешт. Една ледена јануарска ноќ мало четиригодишно девојче седеше смрзнато на надворешните скали пред станбена зграда. Неговите родители беа приморани да го напуштат.

Девојчето кое го нарекоа Наталија, го сместија во сиропиталиште и подоцна беше посвоено од богат пар без деца.

Романија беше во сојуз со нацистите, еврејското население стана подложно на сѐ посилно прогонство. Гладот беше поголем од достоинството – војната ги трансформира човечките суштества на незамислив начин.

Животот на Наталија беше обоен во сите нијанси на сиво. Трагите од нејзиното потекло ја пробиваа површината на нејзиното секојдневие, постепено доаѓајќи до откритие што ја менува нејзината судбина. Таа се вљуби во сиромашен и амбициозен студент Виктор – пријател на нејзиниот татко.

Години подоцна, кога Наталија работи во фабрика, патиштата со Виктор повторно им се вкрстуваат – сега висок функционер во комунистичкиот режим. Овој пат тие се судбински вовлечени во страсна афера и покрај препреките и мрачните тајни на Виктор.

Кога Наталија добива шанса за подобар живот, Виктор е спремен да ѝ помогне, дури и по цена да ја изгуби.

Наталија е пред тешка одлука: Дали да остане во Букурешт со нејзините сакани родители кои ја посвоија и со човекот што го љуби, или да ја искористи оваа едниствена можност конечно да живее по свои правила, соочувајќи се со болната загадочност на нејзиното минато. Неизвесноста што следуваше, ја застрашуваше повеќе и од самите бомби.

Среќата имаше цена која некој треба да ја плати.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Прегледи од Корисници

Сеуште нема прегледи.

Бидете првиот кој дал мислење за книгата “ДЕВОЈЧЕТО ШТО ГО ОСТАВИЈА ЗАД СЕБЕ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *