ДЕВОЈКАТА АНГЕЛ

Од (автор)Ен Мари Бриар

300,00 ден470,00 ден

Моќна викторијанска приказна за љубовта која триумфира и трансформира.

Викторија е сираче кое живее кај својот угледен и богат вујко. Таа е третирана како рамноправен член на неговото семејство и воспитана да биде дама, која по никој основ не смее да го наруши угледот на семејството.

Кога таа запознава убав и амбициозен доктор, тој ја води кај семејство кое живее во беда и сиромаштија. Викторија прави сè што може да му помогне на ова семејство и се спријателува со сиромашни жени и деца. Нејзиното семејство е згрозено од нејзината емпатија кон сиромашните и кога нејзиниот вујко ненадејно умира, таа е исфрлена на улица.

Скршена од болка бега во сиромашниот кварт и започнува нов живот во свет во кој од секој агол демне опасност… Дали Викторија повторно ќе го врати животот кој некогаш го живееше и ќе му го подари срцето на убавиот доктор, или пак ќе ѝ се вратат духовите од минатото за да ѝ одземат сè за што таа толку напорно се трудеше?

Моќна викторијанска приказна за љубовта која триумфира и трансформира.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Прегледи од Корисници

Сеуште нема прегледи.

Бидете првиот кој дал мислење за книгата “ДЕВОЈКАТА АНГЕЛ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *