ГРАДИНАТА НА ПЕПЕРУТКИТЕ

Од (автор)Дот Хачинсон

230,00 ден470,00 ден

Она што не беше познато е создадено, она што не беше создадено на крајот престана да биде важно.

Во една изолирана стаклена палата има стаклена градина. Во оваа градина растат разнобојни цветови, бујни дрвја… и колекција на бесценети пеперутки – млади жени кои биле киднапирани и тетовирани во пеперутки…

Во една изолирана стаклена палата има стаклена градина. Во оваа градина растат разнобојни цветови, бујни дрвја… и колекција на бесценети пеперутки – млади жени кои биле киднапирани и тетовирани во пеперутки.

Градинарот, брутален и изопачен човек е опседнат со фаќање и зачувување на неговата колекција пеперутки – жени. Убавината, очајот и стравот беа насекаде присутни.

Кога ќе се открие градината, се носи преживеан на распит. Агентите од ФБИ имаат задача да го разоткријат најкомплицираниот случај во нивната кариера. Но, девојчето познато како Маја, самата по себе е загатка. Нејзиното сведочење го открива теророт и агонијата на најубавите места кои кријат најтемни тајни.

Вистинските пеперутки може да летаат далеку од дофат. Но, за пеперутките на „Градинарот“ секој обид за лет беше пад. Некои остануваа скршени, други пак се составуваа и изгледаа целосни, со сите остри рабови на виделина…

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Прегледи од Корисници

Сеуште нема прегледи.

Бидете првиот кој дал мислење за книгата “ГРАДИНАТА НА ПЕПЕРУТКИТЕ”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *