БЕСКОНЕЧЕН

Од (автор)Брајан Фримен

250,00 ден490,00 ден

Експлозивен трилер со интензитет кој топи неврони.

Неговата сопруга е мртва, но тој зборува со неa! Дали тој има шизофренија или пак е реалност?

Една дождлива ноќ автомобилот на Дилан излета од патот во надојдената река. Додека тој се бори да излезе на брегот, неговата прекрасна сопруга се дави. Таа кобна ноќ остава длабоки трауматски последици врз Дилан и го менува неговиот живот од корен. Тој повеќе не е човекот што некогаш бил – доживува ненадејни чудни визии. Повеќе не знае што е реалност, а што проекција на неговиот ум. И колку повеќе се плаши дека го губи паметот, толку повеќе е изненаден од самиот себе.

Кога случајно наидува на една личност која тврди дека е негов психијатар, а тој нејзин пациент кој своеволно е подложен на индивидуална хипнотерапија изградена врз основ на секој негов избор – добар или лош, тој е запрепастен. Преку оваа терапија, тој добива можност која веднаш ја прифаќа – да го врати сеќавањето или пак целосно да се изгуби во светот кој нуди бесконечни можности.

Експлозивен трилер со интензитет кој топи неврони.

 

Книгата е во издание на издавачка куќа КНИГОХОЛИЧАРИ.

Прегледи од Корисници

Сеуште нема прегледи.

Бидете првиот кој дал мислење за книгата “БЕСКОНЕЧЕН”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *